bootstrap slider

УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ИЗНАЈМУВАЊЕ ВОЗИЛО
Клиентот пред да го подигне возилото, ќе треба да приложи валидна возачка дозвола и патна исправа (пасош). Возачот или дополнителниот возач мора да поседува валидна возачка дозвола повеќе од две години, и да е на возраст од најмалку 21 година.

ДОПОЛНИТЕЛЕН ВОЗАЧ(И)
Ако ви е потребно дополнително одобрување за дополнителен возач(и), потребно е да не информирате пред да го подигнете возилото. Дополнителниот возач во нашата компанија го добивате без надокнада.

УСЛОВИ ЗА ИЗНАЈМУВАЊЕ
Еднодневното изнајмување трае 24 часа од почетокот на периодот на изнајмување на возило. Викенд изнајмувањата почнуваат од 09.00 во петок и трае до 09.00 во понеделник. Максимален број на денови за изнајмување е 30 дена. Минималниот период за изнајмување на возило е 24 часа.

ЦЕНАТА ЗА ИЗНАЈМУВАЊЕ ВКЛУЧУВА
- Неограничени изминати километри
- Каско Осигурување
- Зелен Картон

НАЧИНИ НА ПЛАЌАЊЕ
На фактура или на уплатница во банка, пред изнајмување на возилото. Потребно е да оставите депозит пред да го изнајмите возилото. Депозитот се враќа доколку нема оштетување на возилото.

ДОСТАПНОСТ ЗА ПОДИГНУВАЊЕ НА ВОЗИЛО И ВРАЌАЊЕ
Доставување на возилото во Скопје во сите хотели и на сите адреси е бесплатно. На било која локација низ Македонија – по договор со нашите вработени.

ГОРИВО
Клиентот добива полн резервоар во возилото и ваша обврска е да го вратите со полн резервоар. Ако возилото биде вратено со помалку гориво отколку кога било подигнато, на клиентот му се наплатува дополнување на резервоарот, од оставениот депозит.

ОПРЕМА ВО ВОЗИЛОТО
Целата опрема во возилото е бесплатна за користење.

КОРИСТЕЊЕ ПРЕКУ ГРАНИЦА
Ако сакате да патувате во друга држава со изнајменото возило, потребно е да побарате од нас меѓународно осигурување (Зелена карта) без кое нема да ви биде дозволено излегување од Македонија и влегување во друга држава. Ве молиме  информирајте се за деталите при изнајмувањето на возилото.


АДРЕСА
ул. 23 Октомври бр1, влез 5, лок. 4
1000 Скопје
Македонија

КОНТАКТ
Емаил: ttrentacarmk@gmail.com
Моб.:+389 70 246935
+389 70 355983

ИНТЕРНЕТ КОМУНИКАЦИЈА

  • WhatsApp: +389 70 246935
    Viber: +389 70 355983